Училиштето за хип хоп и модерни танци Брејк а Лег од Скопје е основано во Октомври 2008 година. Во Брејк а Лег тренираат околу 400 танчери од сите возрасти, почнувајки од 4 годишна возраст па се до 50. Тренинзите ги држат професионални танчери и дипломирани педагози со балетско и танцово образование. Во текот на нашето 13 годишно постоење имаме освоено бројни награди на национални натпревари и на меѓународен план.
Нашата мисија е промоција и унапредување на хипхоп танцот во Македонија, преку организирање меѓународни танцови натпревари, танцови работилници, предавања од познати кореографи и пред се најважното е поттикнување на физичката активност која е неопходна за правилен психофизички развој на младите генерации.