Во време на пандемија да не заборавиме на физичкото и психичкото здравје на најмладите.
Македонците се физички недоволно активна нација. Податоците од Институтот за јавно здравје и од Факултетот за физичка култура се поразителни. Проблемот е системски, а системот не го препознава или се однесува дека го нема. А, и тоа како е присутен.
Особено во предучилишна и одделенска настава , од прво до петто одделение, фаза што е посочена како основа за натамошен правилен развој на децата, за нивно насочување, за стекнување на навики во тинејџерски години, за подигнување на свеста и за негување на задоволително ниво на спортски активности при трансфер од втората во третата деценија во животот.
Но, проблемот е присутен и во средните училишта. Како причини се истакнуваат силниот продор на технологијата, немањето време, отсуството на навики, незаинтересираност и пари.
Кои се придобивките од танцувањето?
- координација, флексибилност и подобрена моторика
- подобрена издржливост, сила и мускулен тонус
- подобрена функција на белите дробови и срцето
- Социјализација и тимска работа