social imagesocial image
STUDIO BREAK А LEG 

BREAK А LEG - Dance Studio

Брејк а Лег е училиште за хипхоп и модерни танци.

  • Основано во Октомври 2008 година.
  • Во Брејк а Лег тренираат  400 танчери од 4 до 50 години.
  • Во текот на нашето 14 годишно постоење имаме освоено бројни награди на национални натпревари и на меѓународен план.

Нашата мисија е:

  • Промоција на хипхоп културата во Македонија.

  • Промоција на танцот. 

  • Организирање меѓународни танцови натпревари, танцови работилници, предавања од познати кореографи.

  • Поттикнување на физичката активност која е неопходна за правилен психофизички развој на младите генерации.

ТРЕНЕРИ  И ПРОГРАМИ

Нашиот тим е составен од професионални танчери и дипломирани педагози со балетско и танцово образование. Нашите тренери Андријана, Ивана , Елена , Румена , Ана , Симона , Симона и Стефани ќе ве научат како да танцувате хипхоп, балет и модерен балет како и свадбен танц.

ХИПХОП  Возрасните групи за хипхоп почнуваат од 4-7 години, од 8-12 години, од 13-16 години и хипхоп за возрасни.

БАЛЕТ И МОДЕРЕН БАЛЕТ  За сите идни балерини , часови по класичен и модерен балет со Андријана Петковски, балетски педагог и солист во Македонска Опера и Балет.
СВАДБЕН ТАНЦ  - Нашиот тим е оговорен за подготовка за првиот свадбен танц на младенците. Покрај тоа нудиме и професионален настап на свадба и анимирање на гостите.
Танцувајте за да бидете полни со енергија
Сакате да ни се придружите?
НАТПРЕВАРИ  И НАСТАПИ 

Во текот на нашето 16 годишно постоење имаме освоено бројни награди на национални натпревари и на меѓународен план. Дел од нив се:

Нашите тренери и ученици имаат настапувано на бројни манифестации, во државата и надвор од неа. 
ЗОШТО ТАНЦУВАЊЕ
Здравиот начин на живот и спортувањето се најважни предуслови за заштита на нашето здравје. Танцот е како основа за натамошен правилен развој на децата, за нивно насочување, за стекнување на навики во тинејџерски години, за подигнување на свеста и за негување на задоволително ниво на спортски активности при трансфер од втората во третата деценија во животот.

Кои се придобивките од танцувањето?

● координација, флексибилност и подобрена моторика

● подобрена издржливост, сила и мускулен тонус

● подобрена функција на белите дробови и срцето
● Социјализација и тимска работа